Вториот ден на „Запознај ја Преспа” започна со низа спортски и еколошки активности. Традиционалната велосипедска тура “Тур де Гачичица”, која по шести пат се вози на оваа планина, започна во 10 часот. Преку 200 учесници од целата држава и регионот ќе возат велосипед по патека долга 70 километри.
Организаторите на овој настан, вело клубот „Преспа бајк – Ресен” велат дека оваа година патеката ќе биде на врвот Магаро и таа води по најубавите предели на планината. Учесниците ќе имаат можност да посетат локации од каде се гледаат двете езера, Преспанското и Охридското.
Манифестацијата “Запознај ја Преспа” продолжува и денес во текот на целиот ден, со низа настани во Отешево и Дупени.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место