Второпласираниот на Светската листа на параглајдинг, Борјан Јованоски на средба со градоначалникот Илија Јованоски

Градоначалникот Илија Јованоски денеска во својот кабинет го прими еден од најдобрите прилепски спортисти, Борјан Јованоски кој на Светската ранг листа во параглајдинг се наоѓа на второто место.

Заедно со својот брат Мартин Јованоски, кој пред неколку години се искачи на највисокото место на Светската ранг листа на параглајдеристи, како и со неговиот татко Миле Јованоски кој истовремено е и негов тренер, Борјан Јованоски се вбројува во редот на најуспешните спортисти не само во градот, туку и во нашата држава.

На средбата со првиот човек на општина Прилеп, Борјан и Миле Јованоски го искажаа задоволството што после неодамнешната распределба на средства на здруженија на граѓани и спортски клубови, нивниот параглајдинг клуб „Делта“, за прв пат доби финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп.

Амбициите на Борјан Јованоски се во скоро време да стане најдобар светски параглајдерист, што со оглед на фактот дека од првото место на Светската ранг листа го делат само 20 поени, е сосема реално и остварливо.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …