Курти-Вучиќ

Вучиќ и Курти во Берлин на средби со Шолц и Лајчак

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин ќе имаат одвоени разговори со германскиот канцелар Олаф Шолц, по што ќе следи заедничка средба со специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, кој исто така доаѓа во Берлин по покана од германскиот канцелар. Како што претходно беше објавено на веб-страницата на германската влада, Шолц попладне ќе разговара со Курти, а вечер со Вучиќ. Причина за средбите е „натамошниот развој на меѓународниот статус на Србија и Косово „во однос на приближувањето кон ЕУ“. Според најавите од Брисел, во Берлин ќе биде и Мирослав Лајчак.

Ова ќе биде прва средба меѓу Вучиќ и Курти од јули минатата година, кога се сретнаа во рамките на бриселскиот дијалог. Неформалната вечера на која ќе присуствуваат Лајчак, Курти и Вучиќ треба да го деблокира процесот на дијалог, кој е замрзнат речиси една година, оценуваат европски дипломати, додавајќи дека германскиот канцелар ќе има клучна улога. Според нив, Шолц ќе им стави до знаење на двете страни дека за време на вечерата се очекува конструктивна атмосфера што ќе резултира со подготвеност на страните да продолжат со редовни средби во Брисел.

„Нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово е многу високо на германската агенда, а самиот повик, кој доаѓа во време кога канцеларката е преплавена со обврски поврзани со војната во Украина, е доказ колку ова прашање е важно за официјален Берлин“, изјави за РСЕ неименуван европски дипломат. Претходно Лајчак најав дека на 13 мај во Брисел ќе се одржи нова рунда преговори за регистарските таблички.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …