Вучиќ

Вучиќ: Сеуште жалам за литиумот, протестите ја уништија државата

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека се уште жали за неговата одлука да се откаже од ископувањето литиум во Србија и дека „испадна оти е најглупавиот претседател на светот“. Вучиќ за ТВ Пинк, коментирајќи го протестот на еколошките активисти пред зградата на српската Влада, изјави дека владата не донела никаква одлука, туку на тоа одлучил сам. „Не ми е јасно зошто протестираа пред влада, ако протестираат треба да протестираат пред претседателство, а јас ќе им се обратам и убаво ќе им кажам – вие ја уништувате државата, цената денес е 82.500 долари за тон литиум, со овие резерви тоа се 100 милијарди, затоа што разбирате што им правите на Јадра, Осечина, Ваљево и на целото Подриње“, рече Вучиќ.

САД, Британија и Германија демантираат дека ги финансирале протестите во Србија

Тој посочи дека Лозница ќе добие пет милијарди евра од ископот на литиум и дека тоа ќе биде најдобро за државата, но дека граѓаните веруваат во теории на заговор, а водачите на протестите се „платени од странски фондации“. „Водачите добија пари и ја уништија државата заедно со нас кои бевме глупави и наивни да ја прифатиме оваа дрскост, а јас горко жалам за тоа“, рече Вучиќ.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“

Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“

Во Хрватска денеска (17 април) се одржуваат редовни парламентарни избори на кои право на глас …