Вучиќ

Вучиќ за протестите на студентите: Ако не им пречи на нивните професори не ми пречи ни мене

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ даде изјава дека нема никаков проблем со блокадата и протестите на студентите, бидејќи тоа не им пречело на нивните професори, а не му пречело ниту него, пренесе српскиот медиум Данас.

Вучиќ изјавде дека нема намера никого да спречи во текот на протестите и блокадите и дека има надлежни органи кои се занимаваат со тоа.

„Вие мислите дека ќе ги запрам студентите на блокадите на ректоратот, на деканатот и не знам зошто. Зошто би го направил тоа? Зошто би ми прелече овие работи? Единствено што може да ми пречи е тоа што ќе доцнат во студиите и во образовните програми. Ако тоа не им пречи на нивните професори, бидејќи и тие станаа револуционери и мислат дека треба да се вратат 30 години наназад за да можат некому да му ласкаат, јас немам проблем со тоа“, изјави Вучиќ.

 

Вучиќ зборуваше и за барањата на Судентите.

„Дали знаете кои се причините денес, знам, прочитав три. Едната е сите да бидат ослободени, сите да бидат ослободени, иако ова беше барање на обвинителството и судските органи, а не за политичарите. Рекоа дека документацијата исчезна, ја бараме целата документација, но ова е ноторна лага, ниту една документација не исчезнала, целосната документација е на располагање на српското обвинителство“, додаде Вучиќ.

Студентските блокади на факултетите почнаа пред нешто повеќе од две недели, а оттогаш секојдневно се приклучуваат нови факултети низ Србија.

Студентите на сите блокирани факултети бараат, објавување на комплетната документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад, инсистираат на транспарентност и достапност на документацијата до пошироката јавност.

Отфрлање на обвиненијата за колегите приведени на протестот, бараат ослободување на нивните колеги кои беа приведени на протестот, но и кривична пријава за лицата кои ги нападнаа студентите и професорите на ФДУ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Што покажа вештачењето за уривањето на настрешницата во Нови Сад

Што покажа вештачењето за уривањето на настрешницата во Нови Сад

Два фактора од конструкциски аспект доведоа до уривање на настрешницата на неодамна реконструираната зграда на …