When in Krusevo - Winter is Here

When in Krusevo – Winter is Here

Од 14 до 16 февруари во Крушево ќе се одржи фестивалот на отворено When in Krusevo – Winter is Here 2020. Ова е второ издание на фестивалот кој вклучува рекреативна пешачка тура, зимско јавање на коњи, фото тура, зимски тандем параглајдинг, дегустација на уникатни крушевски специјалитети и, секако, чист воздух.

„Покрај ваквото рекреативно дружење, не ја изоставивме и забавата. Предвидени се подиуми на ски терените како и во ресторан Алто со различни жанрови на музика, за да биде задоволен сечиј вкус на нашите посетители, за кои ќе се погрижат локални ди-џеи. Забавата ќе продолжи и во локалните крушевски барови Old School и Клуб Планет, каде што покрај ди-џеите ќе настапува и познатиот бенд Invictus“, велат од здружението „Аутдор Манифест“, кое се јавува како организатор на фестивалот.

Цената на билетот изнесува 500 денари и со самото купување на билетот секој учесник добива голем попуст за сместување во вилите и хотелите во Крушево, кои можете да ги погледнете на официјалната веб страна на фестивалот: http://winter.wheninkrusevo.mk/.

Покрај овој попуст за сместување со билетот доаѓаат и уште многу други поволни понуди, како тандем зимски параглајдин за 1.800 денари, зимско јавање на коњи за 500 денари, како и обезбедување на голем попуст за дневна ски карта и бесплатен влез на ноќните журки.

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …