За 9 месеци, ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

За 9 месеци, ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Соопштение за јавност на СДСМ

Подобро е ДПМНЕ да молчи и да не го повикува СДСМ за било што поврзано со Пуцко Петрол и Ратко Капушевски, бизнис изроден како резултат на коалицијата на ДПМНЕ и ДУИ.

Капушевски е долгогодишен поддржувач и „дете на Груевски“, ДПМНЕ точно знае дека за овој случај е одговорен човек кој излегол од нивните структури.

Пуцко Петрол е компанија која израсна во времето на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ и е главен бизнис партнер на сите градоначачници на ДПМНЕ ама и на институциите кои ги водат.

Само во последните 9 месеци, општини и институции раководени од ДПМНЕ имаат склучено 170 тендери со компанијата Пуцко Петрол. За ова треба да одговори ДПМНЕ.

СДСМ дава поддршка на истрагата и очекуваме целосно расветлување на случајот.

Секој кој се огрешил треба да одговара.

Но, ДПМНЕ треба да одговори како тоа повторно кога е обвинет некој од ДУИ нема притвор, дали повторно има договор како што беше со Артан Груби кој беше пуштен да избега.

Прочитајте повеќе

За трагедијата во Кочани осомничени вкупно 34 лица: Сите знаеле дека „Пулс“ не ги исполнува условите за работа

За трагедијата во Кочани осомничени вкупно 34 лица: Сите знаеле дека „Пулс“ не ги исполнува условите за работа

Осомничени се сопственици, управители, екс-министри, градоначалници, директори, секретари, раководители, соработници, обезбедувачи, полицајци, продавачи на билети. …