полиција

За брзо возење казнети 138 возачи

Министерството за внатрешни работи вчера спровело засилена акциска контрола на територијата на С. Македонија, за казнување возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 138 возачи.

„Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 59 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место“, информираат во МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта“, додаваат оттаму.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

артан груби притвор

Истекува куќниот притвор за Артан Груби: Правдата пред нов тест за неказнивост

Наближувањето на рокот за истекување на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер и висок …