бензинска станица бензини горива

За два денари поевтинуваат бензините од полноќ

Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цената на дизелот и на мазутот останува иста. Ова го одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со ваквата одлука има намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 отсто.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 88 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 90 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 85,5 денари за литар. Цената на Еуродизел (Д-Е V) и понатаму ќе остане 90 денари за литар, а на Мазутот М-1 НС ќе се продава по 52,786 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалување кај бензините во просек за 4,114 отсто, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,263 отсто, кај екстра лесното масло во просек за 3,513 отсто, а кај мазутот има намалување во просек за околу 1,29 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, е повисок за околу 0,005 отсто.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …