За една недела, двојно зголемен бројот на грипозни

За една недела, двојно зголемен бројот на грипозни

Во текот на минатата недела пријавени се 58 случаи со заболувања слични на грип, што е двојно зголемување во споредба со неделата пред неа, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Регистрираната инциденца оваа недела укажува на ниска активност на вирусот на грип. Во текот на изминатата недела, нема регистриран смртен случај асоциран со грип. Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 16 материјали за тестирање на грип, сите негативни за присуство на вирусот на инфлуенца – велат од ИЈЗ.

Во цела сезона 2018/2019, вкупниот број на заболени од грип изнесува 21.404.

Во споредба со истиот период од минатата сезона, постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 10,6 отсто. Најголем број на заболени лица се регистрирани во Скопје, Струмица, па Кавадарци, Гостивар и Прилеп.

Согласно извештајот на Flu News Europe, за состојбата со грип во сезоната 2018/2019, земјите пријавиле активност на основно ниво, што покажува дека сезоната на грип е пред крајот. Сите земји пријавиле низок интензитет на вирусот на инфлуенца.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …