За поголем извоз на глобалниот пазар, македонските компании ќе влезат во дата-базата на добавувачи од Западен Балкан

За поголем извоз на глобалниот пазар, македонските компании ќе влезат во дата-базата на добавувачи од Западен Балкан

Околу 400 македонски компании од сите сектори треба да бидат вклучени во дата-базата на компании од Западен Балкан при процесот на мапирање на добавувачи за полесен пробив до глобалните парази, најави Татјана Штерјова Душковска од Стопанска комора, претставник на Коморскиот инвестициски форум.

Ова мапирање на добавувачите од Македонија е во рамките на пoддршката на добавувачите од регионот на Западен Балкан преку Kоморскиот инвестициски форум, за нивно вклучување во глобалните ланци на снабдување.

Според Штерјова Душковска, до јули најпрво во дата-базата треба да влезат компаниите од автомобилската индустрија, а до крајот на годината компаниите од лесната и прехранбената индустрија.

Во базата на податоци треба да влезат и компаниите од циркуларната економија со што ќе се придонесе во имплементацијата на Зелениот договор за Запaден Балкан.

„Дата-базата ќе содржи податоци за 2.000 добавувачи од Западен Балкан, информации за компаниите, производите, технолошките процеси, сертификатите, земјите каде што извезуваат, капацитетитите, потенцијалот, но и информации за потенцијалните пазари. 60 компании ќе добијат поддршка за дигитализација и дигитална трансформација, поддршка за предлог-проекти за користење на ЕУ-фондови,“ изјави Штерјова Душковска.

Таа оцени дека компаниите од регионот заостануваат во продуктивноста, капацитетите и интерните процеси на производство за да одговорат на странските добавувачи.

Преку ова мапирање тие ќе ја добијат потребната поддршка за унапредување на капацитетите и оптимизација на работата. Странските партнери од друга страна пак, бараат критериуми зад управувачките процеси и запазување на роковите за испорака.

Во Коморскиот инвестициски форум влегуваат шест стопански комори од регионот, чија што цел е да се обезбеди заеднички да извезуваат на ЕУ-пазарот и да се задоволи потребниот стандард за работа.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Откако актуелната влада го подигна нивото на социјална помош, се водат дебати дали воопшто се …