За руската агенција „Спутњик“ земјава е „С. Македонија“

За руската агенција „Спутњик“ земјава е „С. Македонија“

Руската новинска агенција „Спутњик њус“, порано позната како „РИА Новости“ и „Гласот на Русија“ веќе ја преименува Република Македонија во Северна Македонија.

Со наслов „Грција, С. Македонија, почнаа да разговараат и покрај идентитетскиот конфликт“ руската агенција која е дел од владиниот медиумски конзорциум „Росија Сегодња“, во понеделникот објави интервју со професорот Неофитос Лоизидес од универзитетот на Кент, Велика Британија за најновите случувања околу Договорот со Грција и деценискиот спор на двете земји, а во насловот земјава ја наведе како „С. Македонија“.

Со оглед на фактот дека станува збор за државна новинска агенција, која е директно под капата на руската влада, преименувањето би можело да се сфати како сигнал на официјалната руска политика дека уставните измени во македонското Собрание се веќе готова работа, и Македонија ќе го прифати името Северна Македонија, како главен сегмент на Договорот од Преспа.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

технички преглед

МВР разби криминална мрежа: Проневерени 2,2 милиони евра преку технички преглед

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал разби криминална група која преку станица за …