За само еден ден МВР казнило дури 661 возач за брзо возење

За само еден ден МВР казнило дури 661 возач за брзо возење

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера 28 септември 2021 г., за возење со брзина над дозволената казниле дури 661 возач.

„Од нив, 50 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“, соопштија од МВР додавајќи дека 278 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 383 надвор од населено место.

Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …