За шест години, 3.736 матуранти помалку

За шест години, 3.736 матуранти помалку

Државна матура годинава се пријавиле да полагаат 15.553 ученици во државата. Пред шест години, односно во 2013 година, оваа бројка била 19.289, што покажува дека за овој период, бројот на ученици кои го полагаат овој испит, што е услов за упис на факултет, се намалил за 3.736 матуранти. Во 2015 имало 17.600 пријавени ученици, а во 2016 – 16.859. Бројките покажуваат дека во континуитет опаѓа бројот на матуранти, кои се дел од задолжителниот образовен систем.

Од пријавените годинава, 7.692 се од гимназиско образование, 7.604 од средно стручно образование и 257 од средно уметничко образование, информираат во Државниот испитен центар.

– Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење, во Република Македонија учениците екстерно полагаат три предмети. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик. На 1 јуни во сите средни училишта ќе се полага странски јазик. Како и секоја година и оваа најмногу матуранти имаа избрано да полагаат англиски јазик и тоа 14.413. Бројот на кандидати кои се пријавиле да ги полагаат останатите странски јазици е многу помал. Француски јазик ќе полагаат 59 кандидати, германски јазик 201, а руски јазик 15 кандидати – објаснуваат за „Мета“ од Државниот испитен центар.

На 8 јуни македонски јазик и литература ќе полагаат 10386
кандидати, албански јазик и литература 4.566, а 327 турски јазик и литература. На 11 јуни ќе се полага физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија, социологија и естетика. Бизнис ќе полагаат 4206 кандидати, историја 2.407, биологија 3631, филозофија 2691, социологија 569, хемија 227, физика 128 и естетика 166.

На 13 јуни ќе полагаат 2.049 кандидати математика. Испитниот материјал истиот ден кога се реализира испитот се носи во училиштата и се враќа во ДИЦ. Сите испити почнуваат во 10 часот.

Во процесот на реализација на матурата во училиштата се ангажирани и 2.388 наставници како тестатори и околу 200 набљудувачи.

Од ДИЦ на сите матуранти им посакуваат успешно да ги положат испитите.

Прочитајте повеќе

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени, не коментирам политички прашања среде кампања

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени, не коментирам политички прашања среде кампања

Евроамбасадорот Дејвид Гир не ја коментира изјавата на претседателскиот кандидат од Европскиот фронт, Бујар Османи …