Трајковска кажа дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо ѝ бил зет за втора братучетка, како и дека и претходно комуницирале со Палчо деловно
Денеска во Основниот Кривичен суд, сведокот Кираца Трајковска, чие семејство е во кумска врска со семејството на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, кажа дека во целиот случај и таа и син ѝ Гоце Трајковски биле во улога на истражители во целиот случај.
Трајковска кажа дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо ѝ бил зет за втора братучетка, како и дека и претходно комуницирале со Палчо деловно. Таа ги поврзала Александар и нејзиниот син Гоце Трајковски веднаш откако Вања беше грабната за да му помогне, иако се немале видено 10 години.
Синот на Трајковска одел по куќи, улици, гледал каде има камери и дури се претставувал како инспектор. Кажа дека таа била во тек со сите снимки кои ги имал нејзиниот син.
Трајковска се знаела и со родителите на мајката на Вања. На сведочењето кажа дека не верува оти Палчо го изврпил злоделото. Нејзиниот син Гоце Трајковски, не дојде во судницата зашто имал паничен напад.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место