За Велигден Крушево полно со туристи

За Велигден Крушево полно со туристи

За време на продолжениот велигденски викенд, Крушево “вриеше“ од туристи, што можеше да се забележи преку исполнетите капацитети на хотелите, кафулињата, рестораните и продавниците.

Градоначалникот Томе Христоски, смета дека зголемената посетеност е резултат на промоцијата на Крушево како туристичка дестинација.

„Работиме многу на промоција на Крушево како туристичка дестинација, но и самата домаќинска работа на локалната самоуправа која резултира со многу проекти, служат како промоција на нашиот град. Секако, овој викенд во Крушево беа присутни многумина кои потекнуваат од овде, но и посетители кои и претходно престојувале тука па поради стекнатиот убав впешаток, повторно се враќаат“, вели Христоски.

Во изминатите четири денови, градот беше посетен од претежно домашни посетители, но и странски гости од соседните земји и од Балканот.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …