За викендот променливо време - денеска сончево, утре облачно со локален дожд

За викендот променливо време – денеска сончево, утре облачно со локален дожд

Денеска ќе преовладува сончево време, со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се зголемува. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Дневната температура ќе се движи во интервалот од 10 до 17 степени Целзиусови.

Во вториот ден од викендот, во недела, времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне. На планините во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Во ноќните часови снег ќе провејува и на некои повисоки места. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 Целзиусови степени.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …