За викендов забрана за движење и групирање по викенд населби, паркови и излетнички места

За викендов забрана за движење и групирање по викенд населби, паркови и излетнички места

Владата на вчерашната седница донесе одлука да усвои забрана за движење и групирање во сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и во викенд населбите, во периодот од четврток 16 април во 16 часот до 5 часот во вторник 21 април, информираат од владината прес-служба.

Забраната е донесена на предлог на Главниот координативен кризен штаб и истата повлекува затворање на овие локации, а Министерството за внатрешни работи е задолжено да ги интензивира контролите на овие места.

Полицијата за претстојните велигденски празници е задолжена да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник. Периодот на забрана и посебен режим на движење ќе важи и за верниците од православна вероисповед, кои планирале да одат во црква.

Од владата потсетуваат дека полицискиот час ќе важи од 17 април (петок) од 16 часот до 21 април (вторник) во 5 часот.

На владината седница се донела и одлука за продолжување на времетраењето на мерката карантин за најмалку 21 ден за сите оние македонски државјани кои ќе влезат на граничните премини по 13 април, а биле затекнати во земји со висок ризик од Ковид-19.

На седницата е донесена и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на земјава вратени од странство со хуманитарни летови, според која оваа Одлука важи и за државјани кои се вратени од странство и со конвои по копнен пат.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …