За заштита од понатамошно ширење на вирусот мора доследно да се почитуваат мерките и протоколите, казни за прекршителите

Соопштение за јавност

Заштитата на јавното здравје во време на пандемија со коронавирусот, е врвен приоритет. Растот на бројот на заразени зависи од доследно почитување на мерките за лична заштита и здравствените ковид протоколи.

Ова е заедничка борба на сите граѓани и сите без исклучок мора строго да ги почитуваме мерките за заштита на личното и јавното здравје – носење маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција.

Да се обединеме и да се поддржиме меѓусебно, битката против невидливиот непријател мораме да ја водиме сите заедно, почитувањето на мерките е „оружјето“ со кое ние, секој еден од нас, може да даде свој придонес во таа борба.

Во сериозната состојба со трендот на раст на инфицирани, нема толеранција за прекршителите на мерките, ниту толеранција за тие кои свесно, преку погазување на протоколите и мерките, предизвикуваат ширење на коронавирусот.

Владата предводена од СДСМ во насока на заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширењето на коронавирусот носи дополнителни одлуки и е посветена на спроведување на мерките но и санкционирање на оние кои не ги почитуваат.

Владата им додели нови, поголеми овластувања на инспекциските служби за справување со прекршителите на ковид протоколите. Тие можат на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена на правните субјекти, ако утврдат прекршување на здравствените протоколи.

Коронавирусот не штеди никого, никој не е имун, затоа од исклучителна важност е почитувањето на сите здравствени ковид протоколи и заштитни мерки за да се заштити здравјето на секој граѓанин.

Апелираме на максимална одговорност и целосно почитување на мерките за заштита од понатамошно ширење на вирусот.

Прочитајте повеќе

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче …