Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и на сите сообраќајни патни правци во државата врне снег, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
На сите патни правци има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби. Поради појава на магла, видливоста е намалена од 15 до 20 метри од Тетово кон Попова Шапка.
Забрана за сообраќај на тешки моторни возила е воведена на патните правци Крива Паланка – Деве Баир, Валандово – Дојран, Македонски Брод – Прилеп, Струга – Ќафасан, Маврово – Дебар како и на планинските превои Ѓавато, Стража и Пресека.
Извор: МЕТА