Заев: 2018 година може да биде година за паметење за Македонија

Заев: 2018 година може да биде година за паметење за Македонија

„Ако се насочиме сите кон изнаоѓањето решение, 2018 година може да биде година за паметење и за Република Македонија, но и за регионот, и за ЕУ и за НАТО. Затоа, неуморен оптимист сум и очекувам во јули покана на Македонија за влез во НАТО“, рече меѓу другото премиерот Зоран Заев во интервјуто за магазинот „CorD“, кој се печати во Белград.

Заев на прашањето дали промените на Западен Балкан го прават фактор на стабилност во регионот или е се уште регион што продуцира кризи, нагласува дека Западен Балкан покажа дека може да има искрени, енергични и посветени политички раководства, кои сакаат, можат и знаат да проценат што е потребно за своите граѓани, но и пошироко, и се подготвени, без калкулации, да ги постават државите на вистинскиот пат.

„Ако некогаш Западен Балкан бил цврст во своите погледи кон заедничката индина, тоа е сега. И ова е многу важен момент. Ги препознавме потребите за меѓусебна поврзаност и соработка и и покажавме на Европа дека е цела, безбедна и стабилна само со целосна интеграција на сите држави што географски, историски, културно и припаѓаат. Сме фактор на стабилност на Европа, не на нестабилност, нема повеќе дилеми. За поздравување е што и Европа го препозна тоа и подаде раце кон Западен Балкан“, вели премиерот Заев во интервјуто.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …