Заев: Џезаир Шакири-Хоџа се повлекува од местото советник на премиерот

Заев: Џезаир Шакири-Хоџа се повлекува од местото советник на премиерот

Премиерот Зоран Заев денеска во Охрид изјави дека контактирал со Џезаир Шакири, познат како Командант Хоџа кој му кажал дека бара сам да се откаже од советничката позиција во премиерскиот кабинет, јавиТелма.

– Шакири ми кажа дека денеска ќе соопшти дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста. Тој вели дека и него му пречат реакциите и ќе се повлече затоа што си ја сака државата –  Заев.

Во понеделникот владата официјално потврди дека Џезаир Шакири, познат и како командант Хоџа е поставен за надворешен советник на премиерот Заев за областа на внатрешна безбедност и радикализам. Определената плата за него беше 36.000 денари.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски информира дека на маргините на Меѓународната конференција за Коридорот …