Заев до пратениците: НАТО и ЕУ не' обединуваат во во политичка, етничка и религиска смисла

Заев до пратениците: НАТО и ЕУ не’ обединуваат во во политичка, етничка и религиска смисла

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се обрати пред Комисијата за уставни прашања во Собранието на Република Македонија и на денешното продолжение на седницата, каде е во тек дебата за Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија.

Премиерот Заев ги повика пратениците да се фокусираат на можноста за консензус и единство, да се изгласаат уставните измени и да се овозможи евро-атлантска иднина на Македонија.

-Разговарам со пратениците, и на огромен број пратеници од опозицијата им паѓа тешко ако се изгуби оваа шанса. Да го зацврстиме делот со јазикот и идентитетот во уставните измени, да разговараме, повика премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев посочи дека “НАТО и ЕУ ‘не држат заедно”, како и дека не само што не е можен подобар договор, туку не е возможен друг договор со јужниот сосед.

-НАТО и ЕУ се реткост, во политичка, етничка, религиска смисла коишто ‘не обединуваат. Никој не го чепка името, името се појаснува. Јас знам и дека никој од нас нема територијални претензии. Знам и дека сите ја сакаме Македонија и сакаме да е признаена од сите, рече премиерот Заев.

Тој објасни и дека со договорот се зацврстува грижата за дијаспората и граѓаните автохтони Македонци кои до денес се соочуваат со забрани за влез дома.

Претседателот на Владата, Заев, упати апел до пратениците од опозицијата.

-Ајде да се носиме со одговорноста, наша е. Кажете, има ли нешто што може да ‘не сплоти. Имаме време и на оваа Комисија и на пленарната седница. Апелирам,  размислете. Граѓаните ќе бараат одговорност, дали сме биле на ниво на историската одговорност. Ајде оваа држава да ја обезбедиме заедно, порача премиерот Заев на Комисијата за уставни прашања во Собранието каде е во тек дебата по Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија.

Премиерот Заев, во репликите до пратеници од опозицијата констатираше дека “не сме далеку” алудирајки на заедничка одлука, “ако ја ставиме одговорноста пред себе”, а и сите генерации до сега се обидувале да изнајдат решение на проблемот.

Во врска со исходот од референдумот, премиерот Заев рече дека тоа што одлуката не е донесена значи дека институциите треба да ја донесат одлуката, а референдумот затоа бил консултативен, за граѓаните да се изјаснат дали се За, или Не.

Тој повтори дека нема промена на името, туку само допрецизирање. Премиерот Заев рече дека повеќе од 20 пратеници од опозицијата се свесни за одговорноста што ја имаат пратениците во овој процес.

По искажани конструктивни предлози од опозицијата, премиерот Заев рече дека е подготвен со сите пратеници да разговара за секој предлог во насока на зацврстување на содржината на уставните анандмани. Додаде и дека со изборите ќе се изгубат 2-3 месеци, а од ситуацијата трпи економијата. Премиерот Зоран Заев во реплицирањето повика да се мисли на државата и да се донесат одлуките за иднината на државата.

Прочитајте повеќе

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, во Основен кривичен суд Скопје продолжи судењето …