Заев: Донесов одлука за разрешување на сите претседатели на општинските раководства на СДСМ

Заев: Донесов одлука за разрешување на сите претседатели на општинските раководства на СДСМ

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев донел одлука за разрешување на сите претседатели на општински ограноци на СДСМ.

„Синоќа донесов одлуки, а денеска е ред да ги споделам – ќе бидат изработени решенија од страна на администрацијата на СДСМ и во текот на денов ќе ги потпишам решенијата. Одлуката е – се разрешуваат сите претседатели на општински ограноци на СДСМ. Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, служењето на граѓаните, како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија, на сите претседатели на оние општински организации каде се победи на изборите. Апелирам да бидат повторно кандидати, нека се кандидираат на следниот конкурс кој уште идната седмица ќе биде објавен“, изјави Заев.

Првиот човек на СДСМ информираше дека се разрешени вкупно 78 претседатели на општински организации и дека онака како што ќе се носат одлуките, така за нив граѓаните ќе бидат информирани преку медиумите.

Заев потврди дека во првата половина на јуни, ќе се случат промени и во општествениот сектор – јавните претпријатија, министерствата, Владата и сите владини институции.

Прочитајте повеќе

Афион Опиум

OJO: Единаесет килограми опиум пронајдени во двор во Велес

Осомничениот држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања која му …