Заев: Државата мора да ја искористи првата можност за избори, со оглед на можноста за втор пик, парламентот мора да е функционален

Северна Македонија ги прекина изборните дејствија зашто што се случи короната. Најважно е здравјето на граѓаните, нема ништо поважно од тоа, политиката и државата постои заради нив. Но треба сите да бидеме свесни дека во услови кога нема парламент , во услови на одложени избори, кредибилитетот на државата треба да биде поткрепен со одлука на граѓаните, пренесување на нивните права, на оние кои што ќе бидат избрани од нив.-посочи претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на Утрински брифинг во врска со понатамошното функционирање и свикување на Собранието.

Тој истакна и дека пред се треба будно да се следи како одминува кризата, добро е што бројките паѓаат, а со самото тоа да се зграпчи првата можност за избори, зошто не знаеме дали ќе има втора можност, бидејќи ставовите на светската здравствена фела е дека е можно повторно враќање на короната на есен.

Ако се случи тоа, ние ќе влеземе во апсолутно пробивање на сите можни уставни рокови, околу мандатот на пренесените надлежности од граѓаните на политичарите. Очекувам низ дијалог да ги потврдиме работите околу изборите, посочи Заев.

Во врска со Собранието, Заев истакна дека иницијатива на 35 пратеници од СДСМ, коалицијата и други пратеници,а воедно и демократски порив е повторно ставање во функција на Собранието, затоа што е пратениците чувствуваат потреба од негово функционирање.

Сите треба да знаат дека состојбата ќе биде тешка, пред се на економски план и затоа се потребни кредибилни институции, кои ќе носат храбри, но и одговорни одлуки, за да им излезат во пресрет на граѓаните, работниците и фирмите, истакна претседателот на СДСМ.

Во однос на можниот термин за избори, претседателот Заев порача дека последниот збор за тоа ќе го дадат надлежните здравствени институции и комисии.

Ако здравствените експертски комисии оценат дека нема услови за избори, нема да има избори, затоа што нема ништо поважно од здравјето на граѓаните, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, на гостувањето во „Утрински брифинг“.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …