Заев: Дуалното средно стручно образование обезбедува практично знаење за учениците и квалификуван и конкурентен кадар за пазарот на трудот

Заев: Дуалното средно стручно образование обезбедува практично знаење за учениците и квалификуван и конкурентен кадар за пазарот на трудот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од заменик на претседателот задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за образование и наука Арбер Адеми и заедно со претставникот на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Бенџамин Перкс, учествуваше на настан „Цели за одржлив развој: Јавна расправа – Јасна визија за квалитетно образование“.

Пред самиот почеток на јавната расправа, премиерот Зоран Заев даде кратка изјава за медиумите, која ви ја пренесуваме во целост во продолжение.

„Почитувани претставници на медиумите,

Оваа Влада е посветена на спроведување на реформите во образованието, кои се исклучително важни за обезбедување на квалитетен живот на младите, поттикнување и зголемување на економскиот развој и раст на севкупната наша економија.

Во Програмата за работа на Владата, ветивме, дека нема да воведуваме избрзани и нефункционални проекти, туку мерките и реформите во образовниот процес ќе ги носиме преку одржување на јавни дебати со сите засегнати страни.

Денеска разговараме јавно за интересите на наставниците, учениците, професорите, нивните родители.

Ние како Влада, ги почитуваме современите европски практики, според кои основни и најважни столбови на општеството се обезбедувањето на инклузивно, недискриминаторско и квалитетно редовно образование за сите деца без исклучок, првенствено за учениците со посебни потреби и учениците од останатите ранливи категории.

Ќе разговараме денеска за германското искуство, имплементирањето на системот на дуално средно стручно образование, со што се обезбедува практично применливо знаење на учениците и се добива квалификуван и корисен кадар, конкурентен на домашниот пазар и странскиот пазар на трудот.

Преку Министерството за образование и наука ќе продолжиме со јакнење на стручното усовршување на сите наставници и стручните соработници за инклузивно образование.

Правиме сериозни планови, мотивирањето на наставниците за новите обврски во училиштата, да биде поткрепено и со поголеми плати во образованието.

Потребно е да се вклучиме сите, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, директорите, ректорите, деканите, максимално посветено и навремено да работиме на реформите во образовниот процес.

Денеска ја користам исто така и можноста, по повод претстојниот државен празник, 24-ти Мај, денот кога ги славиме сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј да им упатам честитка на сите просветни работници и на сите граѓани на нашата држава!“

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …