Заев ги прими членовите на Интердисциплинарниот комитет за историски, археолошки и образовни прашања

Заев ги прими членовите на Интердисциплинарниот комитет за историски, археолошки и образовни прашања

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска ги прими членовите на македонскиот дел на Интердисциплинарниот комитет за историски, археолошки и образовни прашања формиран од нашата земја и од Република Грција согласно Договорот од Преспа.

Членовите на Интердисциплинарниот комитет, со кој претседава амбасадорот Виктор Габер, и во кој членуваат д-р Ана Чупеска, професор и политиколог, д-р Људмил Спасов, професор лингвист, проф. Фехари Рамадани, професор и историчар, д-р Далибор Јовановски, професор и историчар, и д-р Никос Чаусидис, професор и археолог, и во отсуство на д-р Кица Колбе, го информираа премиерот Заев за досегашниот напредок на работата на овој Комитет на експерти, а во пресрет на петтата средба со нивните грчки колеги.

Во размената на мислења на средбата, констатирано е дека е постигнато ниво на конструктивна соработка во Комитетот во рамките на одредбите на Договорот од Преспа, и дека се утврдени заеднички правци за постигнување на решенија за препораките кои овој Комитет треба да ги достави до Владите на Република Северна Македонија и Република Грција како добра основа за изнаоѓање на конкретни решенија за историските наративи кои ќе ги едуцираат идните генерации во европскиот дух на разбирање и соработка.

Премиерот Зоран Заев ги запозна членовите на Комитетот со актуелните активности на Владата за обезбедување на севкупни услови за имплементација на Договорот од Преспа и за поддршката на грчката страна за Република Северна Македонија за почетокот на преговорите за членство во ЕУ добиена за време на неодамнешната посета на Атина и од средбите со премиерот Мицотакис.

Прочитајте повеќе

ССМ бара итно зголемување на платите во приватниот сектор

ССМ бара итно зголемување на платите во приватниот сектор

Потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија за приватен сектор, Иван Пешевски, апелира на подобрување …