Заев: Го исполнуваме ветувањето – во РЕК Битола започна постапката за набавка и вградување филтри вредни 20.4 милиони

Заев: Го исполнуваме ветувањето – во РЕК Битола започна постапката за набавка и вградување филтри вредни 20.4 милиони

Гостувајќи на битолската ТВ Тера, претседателот на Владата Зоран Заев зборуваше и за владините политики кои се однесуваат на градот Битола и битолчани:

„Донесовме одлука на Влада заработката на ЕД ЕСМ Електрани на Северна Македонија да биде  реинвестирана во енергетските објекти. Во РЕК Битола започна постапката за набавка и инсталација на електростатските филтри, инвестиција вредна 20.4 милиони евра. Тоа е најголемиот еколошки проект во кој државата со сопствени пари инвестира во екологијата. Го ветивме тоа на битолчани. Целта е од 100 единици честички да паднат на 20, како што кажуваат стручните луѓе“.

Заев потенцираше дека со парите од нето добивката што ги остварува РЕК Битола и АД ЕСМ, ќе се инвестира и во самите капацитети, во нови ископи, во редовните ремонти, во обновување на целата опрема.

„Завршивме со продукција на струја од трите блока кои работат од ноември. Целиот зимски период го покривме и тоа претставува еден нов квалитет. Првиот квартал се надминати сите параметри односно имаме 105% остварување на производството на електрична енергија. Тоа е важно за граѓаните бидејќи на крај тоа осигурува стабилна цена на струјата и стабилна испорака. Минатата година имаме продажба на електрична енергија за извоз од околу 21 милион евра, а во првиот квартал околу 2.4 милиони евра извоз“.

Премиерот Заев рече дека во минатото, 8 години не биле направени генерални ремонти иако обврска е тие да се прават на секои 3 години. Како резултат на таквото неодговорно раководење се случувале испади и дефекти, додека денеска се почитуваат стандардите заради што не се случуваат испади на блоковите.

„Оваа есен ќе почне да се гради системот за топлинска енергија кон Битола, Новаци и Могила, проект на KFW Банката, како што паралелно го носиме и гасот. Тоа е добро, ќе има конкурентност и граѓаните ќе можат да изберат што е подобро и поевтино. Битолчани ја имаат таа придобивка бидејќи го имаат РЕК Битола“, рече премиерот Заев .

Прочитајте повеќе

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

Hајмногу возила институциите набавиле од марката Шкода, дури 90, односно една третина од сите набавени …