Заев: Гоце Делчев го чествуваме како инспиратор и апостол на историската идеја за правото на Македонците да го остварат вековниот сон за своја самостојна држава

Заев: Гоце Делчев го чествуваме како инспиратор и апостол на историската идеја за правото на Македонците да го остварат вековниот сон за своја самостојна држава

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:

„Името и дејноста на Гоце Делчев се вплетени во македонската историја како синоним за една автентична и искрена борба и пожртвуваност, како синоним на македонската државност кој има најголема моќ во паметењето на Македонците.

Денеска, на денот на загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, го чествуваме како инспиратор и апостол на македонската револуционерна организација која се бореше за остварување на историската идеја за правото на Македонците да го остварат вековниот сон за своја самостојна држава.

Секоја година на датумите врзани за животот на Делчев, како и на денешниот ден кога се сеќаваме на неговата погибија пред 118 години, се поклонуваме пред и за Гоце Делчев, во име на реализацијата на неговиот завет до идните поколенија да го остварат неговото и делото на плејадата македонски револуционерни дејци за формирање македонска држава која ќе биде рамноправна во културниот натпревар на народите“, напиша Заев на својот фејсбук профил, по повод 118-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …