Заев и Анѓушев ќе учествуваат на форум во организација на „Фајненшл тајмс“

Заев и Анѓушев ќе учествуваат на форум во организација на „Фајненшл тајмс“

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев утре се во еднодневна работна посета на Обединетото Кралство на покана на „Фајненшл тајмс“ за учество на Форум за земјите од Западен Балкан „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“.

„Премиерот Заев ќе се сретне со заменик-премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Лидингтон на работен појадок организиран за тројцата премиери од Западен Балкан. Предвидено е премиерот Заев да се обрати на премиерскиот панел заедно со премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ на тема „Инвестициски можности и како домашната политика влијае на нив”, а вицепремиерот Анѓушев да зборува на сесија заедно со министрите за економија на Косово и Црна Гора, Валдрин Лука и Драгица Секулиќ“, информираат од Влада.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …