Заев и Димитров денеска се среќаваат со шефот на грчката дипломатија

Заев и Димитров денеска се среќаваат со шефот на грчката дипломатија

Во рамките на состанокот на Светскиот економски форум во Женева, Швајцарија, на тема „Стратешки дијалог на Западен Балкан“, премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, ќе се сретнат со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас. Информацијата ја објави Дендиас, во разговор за радиото „Тема ФМ”.

Премиерот Заев на состанокот „Стратешки дијалог на Западен Балкан“ допатува вчера. Во текот на вчерашниот ден беше предвидена само работна вечера, а денеска ќе се одржи состанокот, на кој се очекува да се разговара за политичката и економската клима во Европа, за предизвиците и можностите на политички и економски план, за развојот на Западен Балкан и фокусот кон позитивна агенда за иднината на регионот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

До сега 51 загинат и 100 повредени во Кочани – пожарот настанал од пиротехничките средства на концертот

До сега 51 загинат и 100 повредени во Кочани – пожарот настанал од пиротехничките средства на концертот

„Веќе имаме приведено лице во врска со настанот. Во овој случај ќе се утврди точна …