Заев и Мицкоски не постигнаа договор за законот за Јавно обвинителство

Заев и Мицкоски не постигнаа договор за законот за Јавно обвинителство

Седумчасовната средба на преговарачките тимови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за постигнување компромис за законот за Јавно обвинителство, не донесе резултат.

Заев и Мицкоски со своите тимови не постигнале договор, без да дадат изјави за медиумите. Неофицијално, од СДСМ понудиле формирање на ново обвинителство кое ќе гони висока корупција на функционери од двете страни, и власта и опозицијата, а првиот човек на ова обвинителство да го предлага опозицијата.

За ВМРО-ДПМНЕ не бил прифатлив таков предог, туку инсистирале на укинување на сите предмети кои СЈО ги отвори после 30 јуни 2017 година.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …