Заев и Пендаровски од Штип: Од јули минимална плата од 13.000 денари, до 2020 година просечна плата од 500 евра

Заев и Пендаровски од Штип: Од јули минимална плата од 13.000 денари, до 2020 година просечна плата од 500 евра

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и претседателскиот канидат Стево Пендаровски во Штип го честитаа Меѓународниот ден на трудот и порачаа дека само патот на државата Напред носи придобивки за работниците и економски развој, преку интеграциите во НАТО и ЕУ.

Претседателскиот кандидат Пендаровски посебно се обрати до граѓаните кои од различни причини остнаа дома во првиот круг.

-Силјановска е личен избор на Груевски. Мораме по 10 години да добиеме претседател кој ќе работи во интерес на државата и на народот. Огромна е разликата, ние не водиме политики да ги наполниме куферите и да бегаме во Белизе, ние водиме политики за вас и за државата. Разликата е одење Напред или враќање Назад. Се врати премиерот од Берлин, најголемите лидери му стегнаа рака и му рекоа, Браво, тоа е патот. И сега кога сме на патот на таа Европа којашто ќе ги отвори од јуни фондовите и за инфраструктура, и за образование, и за здравство, и за млади, да продолжиме по тој пат, рече канидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, побара граѓаните да донесат одговорни одлуки и да придонесат за успешни претседателски избори и напредок.

-Дојдени сме да побараме поддршка да продолжиме да чекориме по вистинскиот пат. Работниците знаат како беше во време на режимот. Работнички права имаше само во реклами. Кај мене кој `се не дојде. Ја покачивме минималната плата, 8.1 процент се покачени платите во државата, обештетени се 10.700 стечајни работници. Посветени сме, како левичарска влада на работничките права и на покачување на платите. Ако имаат работниците и граѓаните, ќе ни ја биде и државата. Минималната плата, верувам дека ќе успее економско социјалниот дијалог, очекувам да ја покачиме на 13.000 денари од 1.јули. Во 2020 година ќе има просечна плата од 30.000 денари или 500 евра. Спиралата на платите следете како ќе расте. Пензиите се покачени во просек за 826 денари, или 6 проценти, била 13.754 денари сега е 14.580 денари. Ќе одржиме лекции на Балканот по економија. Излезете, гласајте, одговорноста е на сите, порача претседателот на СДСМ и премиер Заев на граѓанската трибина во Штип, повикувајки на поддршка за Стево Пендаровски, на изборите во недела, на 05.мај.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …