Заев и Шекеринска во работна посета на Стокхолм

Заев и Шекеринска во работна посета на Стокхолм

Претседателот на Владата, Зоран Заев придружуван од вицепремиерката Радмила Шекеринска денеска е во работна посета на Стокхолм, Кралството Шведска.
Предвидено е, во рамки на работната посета, премиерот Заев да се сретне со Стефан Лофвен, премиерот на Кралството Шведска.
Претседателот на Владата, Заев и заменик претседателката Шекеринска се поканети во Стокхолм и на Конвенцијата на Прогресивната алијанса, меѓународно движење на прогресивни, социјалдемократски и социјалистички сили од целиот свет, кои се заложуваат за модерна, демократска форма на отворена соработка со фокус на одржливиот развој, социјалната правда, можностите за младите луѓе, економијата, а на којашто ќе учествуваат повеќемина премиери и претставници на влади на европски земји и од светот.
Отворени се можности и за други билатерални средби на премиерот Заев во текот на работната посета на Стокхолм, којашто започнува со неговиот шведски колега, Лофвен.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …