Заев и Ципрас телефонски разговарале еден час, утре повторно ќе се слушнат

Заев и Ципрас телефонски разговарале еден час, утре повторно ќе се слушнат

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас денеска го имале телефонскиот разговор што го најавија пред 10 дена како своевидна завршница на договорот за името.

Како што информираат од Владата, Заев и Ципрас се слушнале во 14 и 15 минути по македонско време и разговарале околу еден час.

„За време на разговорот се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија. Во текот на утрешното претпладне ќе следува уште еден телефонски разговор“, се вели во краткото соопштение.

Денешниот телефонски разговор Заев – Ципрас, попладнето го најави грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас, по вонредната средба што ја имаше со грчкиот премиер.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …