Заев има потврда за средба со Меркел, но не открива датум и место
bilateral meeting of Mrs. Merkel and Mr. Zaev.

Заев има потврда за средба со Меркел, но не открива датум и место

Премиерот Зоран Заев денеска најави уште една средба со германската канцеларка Ангела Меркел, за што веќе има потврден термин, но тој не откри кога и каде би се одржала средбата.

– Мене ми е драго што е испратена порака за точен термин за состанок со канцеларката Меркел. Овој успех е и на канцеларката Меркел и на земјите членки на ЕУ, која беше лично тука за референдумот да охрабри и да даде политичка поддршка, но и економска – рече денеска премиерот Зоран Заев по прес-конференција во Владата која ја одржа со вицепремиерот Кочо Анѓушев.

За информацијата дека Меркел не се согласува да и се даде датум за преговори на државата, Заев рече дека за тие што се упатени, информацијата е стара и оти за ова прашање сè уште се во тек разговори на највисоко ниво, но и со пратеници.

Тој посочи дека за нас се важни одлуките и информациите на Советот за општи прашања на ЕУ (ГАК) кој има состанок од 18 до 21 јуни, а потоа и на крајот на јули.

– Европскиот совет е тој што ја носи конечната одлука. Прво се наговестува преку ГАК. Да не ги пропуштиме овие термини – рече Заев.

Премиерот кажа дека доколку не добиеме датум за преговори тој најавил враќање на мандатот и оти од тоа зависи дали ќе има избор на нова Влада или само реконструкција. Реконструкцијата би се случила најдоцна до крајот на јуни, а на идната седница на Влада ќе има одредени промени на директорските места.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

цук пожари

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се …