Заев ја потпиша оставката, следува формирањето техничка влада

Заев ја потпиша оставката, следува формирањето техничка влада

До изборите на 12 април земјава ќе ја предводи техничка влада. Собранието денеска до полноќ се очекува да ја избере новата преодна влада, чиј премиер ќе биде Оливер Спасовски. Во преодната влада ВМРО-ДПМНЕ предлага министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика – Наќе Чулев и Рашела Мизрахи, како и дополнителни заменик-министри за финансии, информатичко општество и администрација и земјоделство.

Премиерот Зоран Заев стави потпис на оставката на премиерската позиција, по што останува Собранието на седница само да ја констатира, затоа што за оставката не се дискутира. Тој од функцијата си заминува по 2 години и седум месеци на власт, за да се формира техничката влада која треба да спроведе предвремени парламентарни избори на 12 април.

До изборите на 12 април земјава ќе ја предводи техничка влада. Собранието денеска до полноќ ќе ја избере новата преодна влада, чиј премиер ќе биде Оливер Спасовски. Во преодната влада ВМРО-ДПМНЕ предлага министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика – Наќе Чулев и Рашела Мизрахи, како и дополнителни заменик-министри за финансии, информатичко општество и администрација и земјоделство.

Според Пржинскиот модел треба да биде избран технички премиер и техничка влада. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе добие министри во две министерства (за внатрешни работи и за труд и социјална политика) и тројца заменици министри (министерството за земјоделство, за финансии и за администрација и информатичко општество). Процедурата на избор треба да заврши до полноќ. Техничката Влада почнува да функционира од моментот кога ќе биде изгласана во парламентот и истата ќе функционира сто дена пред предвремените парламентарни избори, кои се најавени за 12-ти април.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …