Заев: Јас и Алексис зборуваме за еден различен Балкан, за Балкан од 21 век

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, имаше свое обраќање на свечената церемонијална вечера по повод наградата „Евалд Фон Клајст“, што на Минхенската конференција му беше доделена нему и на премиерот Алексис Ципрас за особен придонес за мирот и стабилноста во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса – НАТО, кое ви го пренесуваме во целост:     

Драги пријатели, ви благодарам! Срдечна благодарност до премиерот на Баварија, господинот Флоријан Хамер, искрена благодарност за драгиот пријател, Маас, сојузен министер за надворешни работи на СР Германија, благодарам за оваа прекрасна вечер.

Сакам да ја искористам оваа прилика и да му се заблагодарам на мојот народ, на граѓаните на Северна Македонија, на посредникот на ОН Метју Нимиц, кој помина децении обидувајќи се да најде решение за долготрајниот спор.

Сакам да се заблагодарам на комесарот Хан кој е тука, кој не охрабри, и на госпоѓица Могерини, како и на сите лидери не земјите членки на ЕУ, и особено на канцеларката Меркел.

Се разбира, сакам да му се заблагодарам на мојот пријател Алексис Ципрас и на неговиот тим, на министрите Коѕијас и Димитров и на членовите на нивните тимови, како и на тимот мои советници на чело со Дане Талески.

Јас и Алексис овде вечерва сакаме да ви зборуваме за еден различен Балкан. За Балкан од 21 век.

Имам три клучни зборови што го опишуваат успехот на нашето пријателство:

Надеж. Дијалог. Заедништво.

Имав и имам надеж. Надеж да победиме режим, надеж да ги решиме сите отворени прашања со нашите соседи и надеж да станеме земја членка на ЕУ и НАТО.

Кога сите ми кажуваа дека не е можно, имав надеж за решение и подобра иднина.

Дијалог. Кога сите зборуваа за црвени линии, Алексис и јас одлучивме да ги надминеме црвените линии што само ќе не вкопаат во ровови. Се свртевме кон отворена и искрена комуникација без скриени агенди. Решивме да се грижиме едни за други, да имаме толеранција и да ги разбереме проблемите и предизвиците на другиот.

И на крај, заедништво. Глобалниот свет е мал и гласен денес, сè е поврзано. Најважните работи можат да бидат многу мали и тивки. Затоа, треба да работиме заедно за да обезбедиме мир, да ја одржиме стабилноста и да обезбедиме просперитет.

Европа и Балканот денес стануваат едно – Балканот како ново место на надеж, како место за дијалог и заедништво, како место за стабилност и соработка.

Нема повеќе леви и десни поделби во Европа. Ова е време за обединување и заедништво на прогресивните сили, кои можат да бидат и лево и десно, либерални и други, со цел да се издигнат над ретроградните сили и национализмот. Ова е време на избор – да одиме напред или да се вратиме назад.

Сакам да објавам дека ја споделувам оваа награда и со мојот драг пријател и премиер на Бугарија, Бојко Борисов. Со договорот што го постигнавме со Бугарија, подоцна стана полесно да го постигнеме и овој познат договор со Грција. Сакам да ја споделам оваа награда и со сите други лидери од балканските земји.

Но, пред сѐ оваа награда им ја посветуваме на сите млади од Балканот. Ова достигнување е за нив. Тие се причината за нашата активност. Она што го правиме денес е основа за она што вие – младите луѓе – нашите идни генерации, ќе го создаваат утре.

Уште еднаш – Благодарност до Минхенската конференција за безбедност. Ви благодариме за оваа голема награда.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …