Заев: Може да разговараме и за предвремени избори, а можна е и лидерска средба

Заев: Може да разговараме и за предвремени избори, а можна е и лидерска средба

Заслужува внимание барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори пред да се разговара за членството во НАТО и ЕУ, ако тоа гарантира успешен референдумски процес, рече премиерот Зоран Заев денеска, на свеченоста за почеток на градежните работи на фабриката на американската компанија „Дура“ во Бунарџик.

– Кога? После една година? Во секој случај вредно е за внимание кога опозицијата бара избори. Сум бил опозиција пред една година и знам дека е вредност да се седне да се разговара, секако, ако ова го гарантира успешниот референдумски процес како процес. Граѓаните ќе си кажат на самиот процес, но ако успее процесот да го достигнеме цензусот да ги мотивираме граѓаните да излезат за едно вакво историско прашање, сите опции се отворени па дури и ова, така што заедно тоа ќе го разгледуваме – рече Заев.

Тој очекува оваа седмица да се договорат датумот, карактерот на референдумот и за името и референдумското прашање. Тоа ќе го направат работните групи од парламентарните партии, но ако не успеат неделава, тој би свикал и лидерска средба. Но таква средба може да свика секој лидер на партија, појасни Заев.

– Овие работи очекуваме до крајот на неделата заедно политичките лидери, претставници на политичките парламентарни партии, да ги дефинираме заради тоа што роковите се собираат, времето се собира ако сакаме да ги фатиме датумите 23 септември, 7 октомври како некои проектирани датуми. Очекувам дека оваа седмица ќе можеме да го заокружиме процесот и околу датумот за референдумот и прашањето и околу карактерот. Ако не се случи решение преку работните групи јас би свикал лидерска средба или кој било од лидерите од парламентарните партии би можел да свика. – рече премиерот.

Тој е исто така подготвен да се повлече од премиерското место 100 дена пред изборите и да се формира техничка влада.

– Јас сум чесен човек и имам свое достоинство. Во Законот стои дека премиерот се повлекува 100 дена пред Владата и немам намера буквално да се држам до ова место ако тоа така е дефинирано во законот. Јас сум релаксиран човек и тоа ќе ми даде повеќе време за кампања за избори кога и да се случат – рече Заев.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …