Премиерот Заев на отворање на Коридор 10 во Србија

Премиерот Заев на отворање на Коридор 10 во Србија

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска ќе присуствуваат на свеченото отварање на јужниот крак на Коридорот 10, на делницата низ Грделичката клисура во Србија. Церемонијата по повод пуштањето во употреба на автопатот ќе започне во 20 часот, а покрај претседателот на Србија, Александар Вучиќ свое обраќање ќе има и Заев.

Проектот е завршен по 5 години работа, а со оваа делница патувањето од Белград до границата со Македонија ќе трае околу 3 часа.

На делницата кај Грделичка клисура вградени се 560.000 тони асфалт, а вкупната должина на сите потпорни конструкции е околу 15 километри. Поради тежината на изградбата, изведувачите морале да изградат галерија со 110 бетонски носачи, вградиле 7.000 тони арматура и отстраниле 170.000 кубни метри земја. На Косината 3, на лизгалиштето кое е едно од најсложените на оваа делница, ископани се над 500.000 кубни метри земјиште. Мостот Врла, долг 645 метри, воедно е и најдолгиот и највисок мост на јужниот крак на Коридорот 10, чиј највисок столб е висок 62 метри.

Коридорот 10 е еден од најважните пан-европски транспортни коридори што поминуваат низ Србија и ги поврзува Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Северна Македонија и Грција.

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …