Заев на средба со прилепските стопанственици: Сертифицирајте се и искористете дел од големиот финансиски „колач“ наречен НАТО

Заев на средба со прилепските стопанственици: Сертифицирајте се и искористете дел од големиот финансиски „колач“ наречен НАТО

Носителот на кандидатската листа за пратеници на Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 4 и претседател на СДСМ, Зоран Заев, заедно со кандидатите за пратеници Миле Талевски и Александар Ѓорѓиоски, како и градоначалникот Илија Јованоски, на почетокот на денешната посета на Прилеп остварија средба со претставници на Регионалната канцеларија на Стопанската комора.

Потенцирајќи ја важноста на приватниот капитал, Заев рече дека 92 отсто од економскиот раст на државата, доаѓа од приватните инвестиции. Поддршката од 70 милиони евра која на годишно ниво државата подеднакво им ја даваше како на странските, така и на домашните приватни компании, нагласи тој, нема да изостане ни наредниот период.

Носителот на изборната листа на Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 4, Зоран Заев, ги спомена мерките кои Владата на Северна Македонија ги презеде од почетокот на здравствената криза со КОВИД-19, а кои се однесуваат на директна помош на стопанските субјекти, кои што придонесоа за зачување на голем број работни места.

Во своето обраќање пред прилепските стопанственици, Заев го презентираше економскиот дел од изборната програма на СДСМ, со посебен акцент на четвртиот пакет на мерки.

Првиот човек на СДСМ и носител на изборната листа во ИЕ 4, најави намалување на бројот на министерства, односно укинување на министерствата без ресор.

  • Сериозно ќе се посветиме на работата на правосудството, ќе има прочистување во правосудните институции. 5% од предметите ќе претрпат ревизија, а судиите кај кои ќе бидат најдени застарени предмети, ќе бидат разрешени. Доаѓа убав период за бизнисот, НАТО е сериозен потенцијал за домашните фирми, апелирам до вас да се сертифицирате, со цел да земете дел од големиот финансиски колач, им порача Заев на прилепските стопанственици.

Ирена Јакимоска, претседател на Регионалната канцеларија на Стопанската комора за Прилеп, истакна дека во голем дел од презентираните мерки од изборната програма на СДСМ, се препознаваат заклучоците на Стопанската комора, кои во форма на барања биле доставени до актуелната Влада. Истовремено, во име на прилепските стопанственици, Јакимоска побара поголема заштита на домашното производство.

Прочитајте повеќе

„Нема откажување од иднината“ - СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

„Нема откажување од иднината“ – СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска …