Заев најави лидерска средба за утре попладне

Заев најави лидерска средба за утре попладне

Премиерот Зоран Заев од прес-конферецијата со еврокомесарот Јоханес Хан најави дека денеска почнуваат консултациите за свикување нова лидерска средба за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките за референдумот на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот со Грција и членството во ЕУ и НАТО.

– Сите треба да останеме посветени на овој момент, да помогнеме на овој процес, како што укажа еврокомесарот, пред се за доброто на граѓаните на Република Македонија, но и на нашите партнери во ЕУ, и затоа најверојатно утревечер ќе свикаме лидерска средба за да ги забрзаме процесите околу подготовката за престојаниот референдум – рече Заев.

Како што објасни премиерот, шефот на опозицијата, Христијан Мицкоски во четврток требало да патува, па затоа лидерската средба ќе се договара за утре попладне.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …