Заев: Нашите маршеви се за борба, жените го заслужуваат пиедесталот во општеството

Заев: Нашите маршеви се за борба, жените го заслужуваат пиедесталот во општеството

Обраќање на Зоран Заев, претседател на СДСМ:

Чинам Скопје никогаш не било поубаво од денеска, тоа е поради вас дами мои. Убав е овој ден, не знам дали е тоа поради сонцето,  или поради вас.

Но едно знам, подеднакво и сонцето и вие ја греете нашата душа.

Почитувани другарки од Форумот на жени на СДСМ, почитуван Мија Јаворник, од ПЕС нашата фамилија, нашата партија на Европско ниво, и заедно со другите гости коишто сте дојдени овде, почитуван иден претседател на Република Северна Македонија – господине Стево Пендаровски, дами мои, дргаги социјалдемократки, почитувани сограѓани.

Ако некој се прашува зошто правиме 8-ми март на 9-ти март, реба да знае дека жената не го заслужува само вчерашниот ден. Таа го заслужува и денешниот ден и сите 365 денови во годината. Нашите маршеви не се за славење, туку за борба. Борба за жените и девојките, кои го заслужуваат пиадесталот во општеството. Тоа нам ни прилега, затоа што сме Социјалдемократи, оти таа борба за женски права, произлегува токму од Социјалдемократијата.

Драги мои дами, марширав со вас во Штип и во Гевгелија, и во Тетово, и во Охрид, и во Куманово. Еве сум со вас и во главниот град, а ќе марширам со вас, се додека не ја стасаме конечната наша цел. Единство, можеме!!!

Речиси во сите 17 цели, од одржлив развој на ОН се споменуваат жените и девојките. Како земја членка, наша обврска е тие цели да ги постигнеме дури и порано од 2030 година. Да ставиме крај на сиромаштијата, да обезбедиме зграв живот и благосостојба за сите. Да овозможиме инклузивно и еднакво  квалитетно образование за секого. За родова еднаквост и за охрабрување на жените и девојките во остварување на нивните права. Еднакви шанси за вработување и пристојна и еднакво платена работа за сите. Ниту една од овие цели нема да се оствари ако не се вклучат жените и девојките од целиот свет. Така и во нашата земја.

Ние сме Социјалдемократи, нашата обврска е најголема за остварување на овие цели и во нашата земја. И успеавме, одиме напред, светот ги препозна нашите успеси. А тргнаа работите и дома.

Само нашите опоненти зборуваат за некаков заевизам. Вистината е дека нема заевизам. Ама има завидлизам. Завидуваат што за прв пат во историјата цел свет зборува со пиетет. И едно чудо пофалби има за нашата татковина. Тие што зборуваат за заевизам, си прават туризам на умот. 3,7% е растот на БДП, 12% раст е индустријата, 6% растат платите, 624 милиони евра имаме странски инвестиции, бројката на невработеност падна под психолошкте 20% и сега е 19,4%, одиме со 300% зголемување на социјалната помош, ќе тргне социјалната државна пензија, ги зголемуваме платите и во јавната администрација и во приватниот сектор,водиме грижа за работниците и за социјално загрозените. Успеавме, одиме напред! Заедно, еднакви!

Почитувани, напишете ги на лист хартија зборовите маж и жена. и ќе забележите дека последната буква од зборот маж е почетна буква на зборот жена. Тоа е буквата Ж, која значи живот. А животот бара рамноправност, еднаквост, за да биде по мерка на тие што го живеат. А рамноправност драги мои е кога ќе им го честитам денот на жените, на сите жени во нашата земја, вклучително и на г-ѓа Гордана Силјановска Давкова. А тоа значи дека рамноправност е кога на 5ти мај, таа ќе ни ја честита победата на претседателските избори за нашиот кандидат Стево Пендаровски. И тоа е рамноправност.

На петтиот ден, во петтиот месец од годината ќе го избереме петтиот Претседател на Република Северна Македонија. Имаме кандидат за чиста петка. Идниот Претседател на Република Северна Македонија, другарот Стево Пендаровски.

Драги дами, почитувани сограѓани.

Го ставив денеска ова мало квадратче овде, заедно и јас и Мија го носиме, овде на мојот ревер. за да биде симбол на повик кон сите. Тоа значи шефот на штабот, г-не Кирацовски, прави мали квадратчиња за сите. Да биде симбол да се вклучиме во обезбедување на трајни цели, на еднаквост, рамноправност, заедништво.

Република Северна Македонија е пријател на сите свои соседи. интегрирана во НАТО и пред почеток на преговори со ЕУ. Економските параметри почнаа да се креваат и да соборуваат рекорди. Доаѓа убаво време за земјата наша и народот наш.

Ставете почитувани дами прво вие, а после и ние сите мажите вакво квадратче на вашата облека и придружете се во борбата за солидарност, социјална правда, еднаквост помеѓу жените и мажите, еднаквост помеѓу сите.

Придружете се почитувани граѓани сите, во борбата и аспирациите за помош на посиромашните, помогнете болните да го најдат лекот и сите деца да добијат квалитетно образование.

Помогнете да си простиме и помириме дома, да си помогнеме еден на друг и да го направиме животот еднаков, добар за сите.

Заедно жените и мажите, еднакви, можеме!!!

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …