Заев не прифаќа лидерска средба, смета дека ќе одмогне во процесот на евроинтеграции

Заев не прифаќа лидерска средба, смета дека ќе одмогне во процесот на евроинтеграции

Премиерот Зоран Заев истакна дека нема потреба од лидерска средба на која повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за да разговараат за прашањата со Бугарија, бидејќи тоа ќе одмогне во процесот на евроинтеграции.

„Во моментов ЕУ подготвува прва Меѓувладина конференција. Тоа значи официјален старт на преговорите. Јас го предупредив македонскиот народ дека постои можност и да не се одржи Меѓувладината конференција. Мицкоски ниту имал став ниту имал одговорност. Сметам дека ќе го одмогнеме процесот ако свикуваме лидерски средби“, одговори Заев на новинарско прашање на Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)”.

Тој верува дека со Бугарија ќе има договор, бидејќи како што кажа и бугарскиот премиер Бојко Борис кога бил овде испратил порака дека ја признава реалноста на македонскиот јазик.

На обраќањето на конференцијата истакна дека се додека постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, се додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик.

„Годинава одбележуваме 75 години од создавањето на македонскиот јазик и правопис. Токму затоа Владата го прогласи 5 мај за Ден на македонскиот јазик. Македонскиот јазик е признат во целиот свет и слободно се користи насекаде. Нашиот јазик е нашиот идентитет. Сакам да испратам јасна порака дека оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик,“ изјави Заев.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …