Заев: Нема да се урива споменикот на Александар Македонски

Заев: Нема да се урива споменикот на Александар Македонски

Премиерот Зоран Заев, во интервју за ТВ24, изјави дека споменикот на Александар Велики на централниот плоштад во Скопје нема да се урива и дека тоа не е ниту прашање во разговорите со Грција.

Сѐ што имаме ни е македонштината, но на граѓаните им требаат повеќе пари, подобар живот и затоа се надевам дека ќе има достоинствено решение за името со Грција, рече Заев.

Тој додаде дека „Грците имаат разбирање за тоа дека не треба да се чепка во идентитетот“, и нагласи дека референдум како дел од решавањето на спорот со името веројатно ќе има.

Премиерот Заев, заедно со вицепремиерите Радмила Шеќеринска и Бујар Османи денес на брифинг со новинарите ќе информираат за економската ситуација во Македонија, за реформите и за евроинтеграциите на Македонија.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

непотребно извршени операции на срце

Кај 10 пациенти биле непотребно извршени операции на срце, утврди интерната комисија за кардиолошки интервенции

Во втората фаза од анализата, нашите членови на комисијата ќе работат со меѓународни експерти, на …