Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да бидат утеха за тешката сообраќајна несреќа која беше кобна за повеќемина наши сограѓани, напиша на „Фејсбук“ премиерот Зоран Заев по трагичната сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово во која загинаа 13 лица.

„Сочувствуваме со најблиските за нивните загуби. Ги мобилизираме сите сили и капацитети да им помогнеме на сите останати со животозагрозувачки и други повреди колку што може побрзо да ја добијат неопходната помош и да им се вратат на своите најблиски”, напиша Заев кој се очекува вечерва да ги посети повредените.

Извор: МЕТА