Заев: Немам предрасуди какви политички рефлексии ќе има кој и да биде фатен за корупција

Заев: Немам предрасуди какви политички рефлексии ќе има кој и да биде фатен за корупција

„Во борбата со корупцијата и криминалот важна е пораката од оној што е фатен на другите да не им текне да прават незаконски дејствија. Овие денови додека зборуваме на телефон, луѓето обично користат апликации, и јас им велам слободно зборувајте никој друг нема да се нафати да прави нешто за да лежи 12 години затвор. Пораката на санкцијата, на казната, е да не се повтори никогаш повеќе“, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев во интервју за Слободна ТВ и „Слободен Печат“.

„Во кампањата „Вистината за Македонија“ објавивме 36 бомби и пораката на крајот секогаш беше никогаш да не се повтори. Расчистувањето со претходниот режим е сериозна активност на оваа Влада. Сите зборевме за стотици милиони или милијарди украдени пари. Тие пари „бушат“ системи. Не е лесно да придвижите процеси на најтранспарентен и отворен начин каде што новинарите очекуваат за секое рочиште да завршат процесите. Дали со ослободителна или осудителна завршница, процесите завршуваат. Најважниот за прислушувањето е пресуден. Вториот, делата за изборите кои што го викаат „Титаник“ е исто толку важен. И сите други“, рече премиерот Заев во интервјуто за Слободна ТВ.

Тој додаде дека мора да бидат „впрегнати механизмите на реакција“ и граѓаните да пријавуваат, да го дадат својот придонес за да се добијат индиции, а институциите потоа имаат механизми како да ги процесираат сторителите.

„Денеска пред правосудството имате исправено градоначалници од СДСМ, политичари од СДСМ и се борат за својата правда да докажат дека се невини. Законот мора да важи за сите. Дали се случува корупција на пониско или на високо ниво, таа еднакво е болна за општеството. Да му земеш 50 евра на сиромашен човек за нешто што му следува е катастрофа, тоа ја урнисува душата. Тоа болно и не е дозволиво за никого“, потенцираше претседателот на Владата Заев, и додаде дека правдата мора да ги опфати сите по хоризонтала во царината, во полицијата, во здравство, во образование, како и оние по вертикала, односно високата корупција.

„Немам предрасуди какви политички рефлексии ќе има кој и да биде фатен во државата. Ние мораме да се разбудиме сите и да знаеме. Домашни странски инвестиции ако постои корупција нема да има. Колку повеќе ја откриваме и колку повеќе доверба се враќа во системот, толку повеќе ќе има инвестиции. Затоа така ја структуриравме Владата со потпретседател за борба против корупцијата, и тоа генералниот секретар на СДСМ, за да има моќ да се бори и да се соочи со секој“, нагласи премиерот Заев за Слободна ТВ.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …