Заев од Брдо-Крањ: Ако декларациите на ЕУ не се преточат во дела ќе биде направена непоправлива штета врз големата европска идеја

Заев од Брдо-Крањ: Ако декларациите на ЕУ не се преточат во дела ќе биде направена непоправлива штета врз големата европска идеја

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ги започна активностите утврдени во агендата од неговата работна посета на Словенија, по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан што се одржува во Брдо-Крањ.

Премиерот Заев имаше заедничка средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, со премиерот на Република Словенија Јанез Јанша и со претседателот на Република Бугарија Румен Радев.

На средбата беше потенцирана важноста на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан, беше поздравено тоа што за Брисел и натаму проширувањето на Унијата со земјите од регионот останува стратешки приоритет, што се очекува да биде нотирано и во денешната декларација од Самитот.

Премиерот Заев на средбата потенцираше дека народите на Западен Балкан очекуваат декларациите на ЕУ да се преточат во дела, и дека ако ЕУ не дејствува, разочарувањата кај народите од регионот ќе бидат непоправливи и на огромна штета на големата европска идеја за заедништво и соработка.

 

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …