Заев од Гостивар: Заедно можеме уште повеќе, заедно можеме уште подобро, бројот 3 е иднината и среќата на нашата држава!

Заев од Гостивар: Заедно можеме уште повеќе, заедно можеме уште подобро, бројот 3 е иднината и среќата на нашата држава!

„Продолжуваме да пуштаме пари назад кај граѓаните. Мој ДДВ ќе го зголемиме за 33%. Од 7.200 денари колку што е повратот за поединец, ќе се покачи на 9.600 денари. Или од 600 денари месечно на 800 денари месечно. Тука нема да застанеме затоа што тоа дава резултат. Се броиме против сивата економија и му помагаме на нашиот народ. Сите овие проекти беа опструирани од опозицијата. Кога ја зголемувавме минималната плата се закануваа дека граѓаните ќе останат без работа, дека ќе затворат фабриките.

Го знаете Трајко Славевски десната економска рака на Мицковски, кога го носевме Мој ДДВ велеа дека не сме со сите, дека ќе ја чини државата многу, дека ќе се распадне даночниот систем. Тоа беа нивните изјави.

Еве почнувајќи од 1 јули 2019 и во услови на криза, за 100 милиони евра повеќе пари има од ДДВ во буџетот. Тие пари и порано се плаќале од граѓаните, секаде каде што купувате плаќате со ДДВ, само некој не ги плаќал во државниот буџет. Сега кога даваат фискална сметка мора да се уплатат. Покажавме авангардно носење на одлуки!“, рече претседателот Заев на граѓанската трибина во Гостивар.

Тој зборуваше за новите економски мерки од следната четиригодишна економска агенда која носи нова развојна економија со повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард.

„Заедно можеме уште повеќе, заедно можеме уште подобро, бројот 3 е иднината и среќата на нашата држава!“, порача претседателот Заев од Гостивар.

Прочитајте повеќе

Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се’ помалку пари во џебовите

Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се’ помалку пари во џебовите

За овие 100 дена Владата не покажа никаков интерес за граѓаните, за компаниите, ниту пак …