Заев од граѓанската трибина во Карпош: Да ја прифатиме подадената рака од ЕУ и НАТО!

Заев од граѓанската трибина во Карпош: Да ја прифатиме подадената рака од ЕУ и НАТО!

Во позитивна атмосфера беше пречекан Претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев од граѓаните на општина Карпош со кои тој разговараше на граѓанската трибина за важноста на историската одлука којашто ќе осигура иднината на државата на 30-ти септември.

„Бев јас, премиерот на Република Македонија, насекаде во светот овој период. Црвен тепих во Берлин, во Виена, во Лондон – Велика Британија. Со почести Македонија и примена и прифатена насекаде во светот. Треба да знаете дека имаме големи и силни пријатели и поддржувачи. Оваа недела сум насекаде по дебати, трибини, митинзи. Утревечер доаѓа генералниот секретар на НАТО, Столтенберг два пати за шест месеци во Македонија. Пред шест месеци беше тука, сега пак доаѓа. Зошто? За да ни гарантира дека ќе бидеме членка на НАТО. Ја даде поканата и доаѓа пак да ни каже „Луѓе ве чекаме! Ваше е местото! Ни го покажа столчето, ќе седиме до Норвешка. Таму е нашето место.“  соопшти премиерот Заев и најави дека во текот на оваа и наредната недела Република Македонија ќе ја посетат и Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, шпанскиот премиер, помошникот државен секретар во Стејт Департментот за Европа и Евроазија, Вес Мичел.

Во разговорот со карпошани Премиерот Заев сподели силни уверувања дека земјите членки од двата најголеми сојузи НАТО и ЕУ се силно одлучни да ја видат Македонија рамнопрвна со право на глас во семејството на западните демократски земји и додаде дека членството во ЕУ и НАТО ја гарантира нашата стабилна и сигурна иднина.

„Европа е искрен пријател на Македонија и сака да и помогне на Македонија да го дигне стандардот се до ниво коешто ќе биде еднакво на европските држави на европските институции и на стандард на граѓаните еднакво на стандардот на граѓаните од ЕУ.“ истакна премиерот Заев и рече дека се отворени вратите за нашето полноправно членство во НАТО и за почеток на прегвори за членство во ЕУ.

На граѓанската трибина се обратија и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев кој зборуваше за придобивките на општината од користењето на европските фондови и професорката Ана Чупеска која ја потенцираше одговорноста којашто ја имаат граѓаните, а посебно на младите луѓе да излезат на референдум и да гласаат за да ја осигураат иднината на државата.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …